Остин на 29 февруари ќе сведочи пред Конгресот за криењето на болеста
- – Министерството за одбрана му потврди на Комитетот за вооружени сили на Претставничкиот дом дека секретарот Остин ќе сведочи пред комисијата на 29 февруари во врска со неговото непријавување на неговата хоспитализација, изјави портпаролката на Комитетот за вооружени сили, Џастин Трипати.
Вашингтон, 7 февруари 2024 (МИА) - Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин на 29 февруари ќе сведочи пред Конгресот за неговото некажување на дијагнозата за рак и хоспитализацијата што следела, вклучувајќи го и претседателот Џо Бајден, изјави вчера портпаролот на Конгресот.
– Министерството за одбрана му потврди на Комитетот за вооружени сили на Претставничкиот дом дека секретарот Остин ќе сведочи пред комисијата на 29 февруари во врска со неговото непријавување на неговата хоспитализација, изјави портпаролката на Комитетот за вооружени сили, Џастин Трипати.
Остин се извини за време на минатонеделниот телевизиски брифинг затоа што навремено не им кажал на Бајден и на раководниот персонал за неговата дијагноза на рак на простата, додавајќи дека стравот за неговото здравје бил ударот што го потресол.
Остин (70) се извини и за начинот на кој се справи со последователната хоспитализација, која со денови се чуваше во тајност од јавноста, високиот персонал и самиот Бајден.
Инцидентот предизвика политички метеж. Некои истакнати републиканци, вклучително и поранешниот претседател Доналд Трамп, побараа смена на Остин од функцијата.
Остин е пензиониран генерал со четири ѕвезди, кој ги водеше силите во Ирак и е првиот црн секретар за одбрана на САД.
Во време на скандалот Бајден само кусо изјави дека има доверба во Остин, и покрај тоа што се согласи дека секретарот направил погрешна проценка.сд/
фото:МИА архива