• вторник, 17 декември 2024

Османи од Дебар: За пет години Северна Македонија ќе биде членка на ЕУ, без догoвор за ветинг нема влада

Османи од Дебар: За пет години Северна Македонија ќе биде членка на ЕУ, без догoвор за ветинг нема влада

Дебар, 15 април 2024 (МИА) - Претседателскиот кандидат на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Бујар Османи, вечерва на митингот во Дебар, вети дека Северна Македонија за пет години ќе биде членка на ЕУ, дека без ветинг нема формирање влада а ги наброја и неговите пет заложби кои ќе ги реализира во целост.

-Моето прво ветување е членство на земјава во ЕУ до 2030 година. Ако имав предизвик, како министер за надворешни работи, да ги отворам преговорите со ЕУ по 17 години чекање, верувајте дека како претседател можам да го завршам процесот за членство во ЕУ во следните 5 години, ќе го искористам целиот потенцијал на Европскиот фронт, целото мое знаење, знаењето од процесите што ги водев, моето искуство, моите контакти низ светот за да го завршам овој процес во следните 5 години. И ви ветувам дека ќе го направам тоа доколку ја добијам вашата ценета поддршка, рече Османи.

Второто ветување, додаде е, партнерството со САД, зашто, како што рече нема поголем штета, поголемо предавство што може да му го направите на својот народ од влошување на односите со САД.

Третото ветување е ветинг, рече и нагласи дека без целосен договор за ветинг нема да има влада.

-Секој што ќе има претензии, да стане министер, директор, судија или обвинител, прво ќе треба да го добие сертификатот издаден од САД, НАТО, ЕУ... Само така ќе ни се исчисти сцената од руско влијание и корупција, изјави Османи.

Четвртата заложба е економски рамковен договор и петтата квалитетно образование.

Посочи дека европската интеграција е главен збор на Европскиот фронт, главниот збор на овој изборен процес, додавајќи дека овие избори не се избори за гласови туку избори во кои „нашата земја, нашата судбина, на нашите семејства, нашите деца се наоѓаат меѓу две алтернативи: или интеграција или изолација или соживот или супремација што ја посакува 61 (се мисли на ВМРО ДПМНЕ кое бара 61 пратеник)“.

-Затоа ја повикувам мојата противкандидатка Гордана Давкова, како претставник на алтернативата за изолација да дојде на дебата со мене. Веќе три дена ја повикувам на дебата. Јавно ја повикувам дојде на дебата со мене, доколку има аргумент да ме убеди дека изолацијата е подобра отколку интеграцијата, дека барањето за 61 е подобро од соживот, што го промовира Европскиот фронт. Дека принудувањето на граѓаните да заминуваат од земјата со земање бугарски пасоши е подобро од тоа луѓето да имаат европски пасоши. Дојди и не стравувај, ако имаш аргументи дојди на дебата, и порача Османи на кандидатката на ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.

Пред дебрани се обратија и лидерот на ДУИ Али Ахмети, на Алијанса на Албанците Зијадин Села, градоначалникот на Дебар Хекуран Дука, како и Арбана Пашоли, пратеничка од Дебар, кои порачаа „како што реалност стана Албанец премиер масовно да го дадат гласот Бујар Османи да биде прв Албанец претседател“.

На митингот присуствуваше и премиерот на техничката влада Талат Џафери, претставници на политички партии кои се дел од коалицијата, министри и пратеници.

Изборниот караван на Европскиот фронт беше и во Центар Жупа, каде Османи, меѓу другото го нагласи значењето на Европскиот фронт го посветува на унапредувањето на колективните права на сите народи кои живеат во Северна Македонија. вт/нд/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан