• понеделник, 02 септември 2024

Османи: Немаме време да се дефокусираме на прашања кои не се во интерес на граѓаните

Османи: Немаме време да се дефокусираме на прашања кои не се во интерес на граѓаните

Скопје, 16 февруари 2021 (МИА) - Парламентарното мнозинство е стабилно, имаме тесна соработка и меѓусебна доверба и немаме време да се дефокусираме за такви прашања кои не се во интерес на граѓаните, вели министерот за надворешни работи, Бујар Османи одговарајќи на прашањето, дали се во преговори за ново парламентарно мнозинство.

-Парламентарното мнозинство е стабилно. Имаме тесна соработка, имаме меѓусебна доверба, и имаме многу набиена агенда и реално немаме ни време да се дефокусираме за такви прашања кои не се во интерес на граѓаните. Мислам дека граѓанинот го интересира дали се реализираат проектите кои им се ветени на граѓаните и какви проекти опозицијата нуди како алтернатива. Не верувам дека политичките игри за граѓаните околу мнозинството во Собранието имаат некоја важност.Така што, ние ќе се фокусираме тука каде што е интересот на граѓаните, реализација на проектите и тоа ќе биде наш фокус во периодот што ќе дојде, вели Османи одговарајќи на новинарско прашање по потпишувањето Заедничка декларација за намери за соработка меѓу владите на Република Северна Македонија и Северна Рајна-Вестфалија. вг/дма/

Остани поврзан