• среда, 11 декември 2024

Османи: Зајакнувањето на малцинските заедници во Косово е клучен фактор за зајакнување на државата

Османи: Зајакнувањето на малцинските заедници во Косово е клучен фактор за зајакнување на државата

Приштина, 11 декември 2024 (МИА) – Претседателката на Косово, Вјоса Османи, на конститутивниот состанок на новиот состав на Консултативниот совет за заедници, нагласи дека Советот претставува доказ за посветеноста на Приштина да изгради праведно, рамноправно и инклузивно општество за сите граѓани.

- Мојата непоколеблива заложба е секој граѓанин, без разлика на етничката припадност, религијата или јазикот, да биде ценет и активен дел од косовското општество. Се навраќав на клучните достигнувања на овој Совет во текот на изминатата година и ја изразив мојата целосна поддршка во постигнувањето на неговите цели, истакна Османи.

Таа повтори дека приоритет е заштита на безбедноста и достоинството на секој поединец, нагласувајќи дека ниту еден граѓанин не треба да биде маргинализиран или дискриминиран.

Консултативниот совет за заедниците е советодавно тело на претседателот на Косово со мандат од две години, со него раководат претставници на малцинските заедници во земјата. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан