• сабота, 23 ноември 2024

Османи во Осло на министерски состанок на НАТО

Османи во Осло на министерски состанок на НАТО

Скопје, 31 мај 2023 (МИА) - Од Братислава каде учествуваше на Глобсек 2023, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, патува за Осло каде ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО.

-Во фокусот на разговорите ќе бидат актуелните безбедносни предизвици, понатамошната поддршка за Украина, зајакнувањето на одвраќањето и одбраната на Алијансата, како и унапредувањето на соработката со земјите партнери, соопшти Министерството за надворешни работи. 

МНР информира дека министрите ќе се осврнат и на финалните подготовки и клучните одлуки кои се очекува да бидат усвоени на Самитот на НАТО, што ќе се одржи во јули во Вилнус. хс/цр/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан