• вторник, 04 февруари 2025

Ослободен грузискиот опозиционер Ника Мелија, протестите во Тбилиси не стивнуваат

Ослободен грузискиот опозиционер Ника Мелија,  протестите во Тбилиси не стивнуваат

Тбилиси, 3 февруари 2025 (МИА) - Грузискиот опозициски лидер Ника Мелија е пуштен на слобода откако беше приведен заедно со повеќе од 30 лица заради блокирање на автопатот во близина на главниот град Тбилиси, за време на протестите со барање за нови парламентарни избори.

Мелија, кој е лидер на најголемата опозициска партија „Коалиција за промени“, изјави дека полицијата употребила физичка сила врз него по апсењето.

Според грузиските медиуми, полицијата вчера привела над 30 демонстранти, меѓу кои и поранешниот градоначалник на Тбилиси, Гиорги Угулава. Протестот го обезбедуваа голем број полицајци, а за време на инцидентите бил повреден снимател на ТВ каналот „Пирвели“.

Министерството за внатрешни работи на Грузија предупреди дека блокадата на автопатите претставува кривично дело.

Граѓаните протестираат секоја вечер од ноември, кога владејачката партија „Грузиски сон“ објави дека ги суспендира преговорите за членство на Грузија во Европската Унија до 2028 година. ссм/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан