• петок, 08 ноември 2024

Осака ќе направи пауза во кариерата по елиминацијата на УС Опен

Осака ќе направи пауза во кариерата по елиминацијата на УС Опен
Њујорк, 4 септември 2021 (МИА) - Јапонската тенисерка Наоми Осака ја коментираше нејзината состојба откако ноќеска беше поразена во третото коло на УС Опен од 73. рекет на светот Лејла Фернандез од Канада. - Се чувствувам како да сум во фаза кога треба да сфатам што понатаму. Да бидам искрена, не знам кога ќе го одиграм следниот натпревар. Мислам дека ќе одморам некое време, ја цитира Осака „Ројтерс“. Јапонката го освои УС Опен во 2020 година. Во 2021 година, таа го освои Грен слемот  „Австралија Опен“. На 16 август, на прес -конференција пред почетокот на турнирот во Синсинати, новинар ја праша Осака: „Зошто не ви се допаѓа да разговарате со новинарите, и покрај фактот што добивате многу од нивното внимание?" Јапонката се расплака и ја напушти конференцијата некое време. Таа претходно го откажа настапот на Отвореното првенство на Франција поради психолошки проблеми. зс/

Остани поврзан