• среда, 25 декември 2024

Орбан: Предлогот на ЕК за забрана на руската нафта во Унгарија е поразен

Орбан: Предлогот на ЕК за забрана на руската нафта во Унгарија е поразен
Будимпешта, 31 мај 2022 (МИА) - Унгарскиот премиер Виктор Орбан оцени дека „предлогот на Европската комисија за забрана за употреба на руската нафта во Унгарија е поразен“. „Унгарските семејства можат мирно да спијат бидејќи најнечуената идеја е отфрлена“, напиша Орбан на Фејсбук.
Унгарија, која покрива 65 отсто од потребите за нафта од Русија и 85 отсто од потребите за гас беше единствената што одби воена помош да оди преку нејзината територија и не испрати воена опрема во Киев. Овој потег налути многу лидери на ЕУ, вклучително и украинскиот претседател Володимир Зеленски. паг/  

Остани поврзан