• сабота, 23 ноември 2024

Општина Ѓорче Петров аплицираше со нови проекти вредни 119 милиони денари

Општина Ѓорче Петров аплицираше со нови проекти вредни 119 милиони денари

Скопје, 11 септември 2024

Општина Ѓорче Петров денеска поднесе неколку значајни инфраструктурни проекти до Министерството за локална самоуправа, со вкупна вредност од 119 милиони денари. Овие проекти имаат за цел значително да го подобрат квалитетот на живот во општината и да обезбедат модерна и функционална инфраструктура.

„Конечно, имаме силен и посветен партнер за соработка. Со поддршката на Владата, сигурен сум дека ќе постигнеме историски успеси,“ изјави градоначалникот на Општина Ѓорче Петров - Александар Стојкоски.

Проектите од суштинско значење за жителите на Ѓорче Петров вклучуваат:

Изградба на нова детска градинка во Дексион
Изградба на локален пат Волково-Орман
Пробивање на улицата „Социјалистичка Зора“ со Сремски Фронт
Реконструкција на патот до училиштето во село Кучково
Реконструкција на улицата „Николај Островски“
Реконструкција на улиците „Вера Циривири“ и „Никола Вукмировиќ“
„Нашата визија за Ѓорче Петров е визија на амбиција, напредок и благосостојба. Секој од овие проекти е чекор напред кон подобра иднина,“ додаде Стојкоски.

Општината се стреми кон:

Реализација на капитални проекти
Обезбедување модерна и функционална инфраструктура
Подобрување на јавните услуги
Развој на зелени површини и паркови
Поддршка за образованието, детската заштита, културата и спортот
„Владината поддршка е клучна за успехот на овие проекти. Веруваме дека премиерот Христијан Мицкоски и неговиот тим ќе го препознаат нашиот ентузијазам,“ додаде градоначалникот.

Тој изрази благодарност до сите жители за нивната доверба и поддршка, истакнувајќи дека заеднички ќе изградат подобра иднина за идните генерации. „Со нетрпение ги очекуваме резултатите што ќе го трансформираат Ѓорче Петров во уште подобро место за живеење," заклучи тој.

Општина Ѓорче Петров

________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото Општина Ѓорче Петров

 

 

 

Остани поврзан