• вторник, 24 декември 2024

Општина Тетово ги стопира тековните инфраструктурни проекти за да провери документација и работа на терен 

Општина Тетово ги стопира тековните инфраструктурни проекти за да провери документација и работа на терен 
Тетово, 10 ноември 2021 (МИА) - Општина Тетово соопшти дека ќе се прегледуваат тендерските документации за сите тековни инфраструктурни проекти, а во тој период сите градежни работи ќе се стопираат. Станува збор за инфраструктурни проекти, како што се изградба на улици, канализациска мрежа и водоводна инфраструктура. - Врз основа на жалбите и поплаките на граѓаните за извршена работа надвор од потребните стандарди, ве известуваме дека градоначалникот на Тетово Билал Касами побарал од Секторот за општински дејности и заштита на животната средина и природата да се прекинат сите работи кои се во овој сектор. Станува збор за сите инфраструктурни проекти, патишта, канализациска мрежа, водоводна инфраструктура, се вели во соопштението од Општина Тетово. Покрај документацијата, ќе се проверува и сработеното на терен. - Онаму каде што ќе се забележат неправилности, ќе се преземаат соодветни мерки согласно законот, а таму каде што работите се одвиваат според законот ќе продолжат, информираат од кабинетот на градоначалникот на Тетово. ас/мс/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан