• сабота, 23 ноември 2024

Општина Струмица преку јавен повик ќе изработува Стратегија и Програма за енергетска ефикасност

Општина Струмица преку јавен повик ќе изработува Стратегија и Програма за енергетска ефикасност

Струмица, 29 јануари 2024 (МИА) - На веб страницата на Општина Струмица објавен е јавен повик за изработка на Стратегија за енергетска ефикасност за периодот 2025-2030 година и Програма за енергетска ефикасност на Општината за периодот 2025-2028 година.

Според градоначалникот, Костадин Костадинов, енергетската ефикасност е и ќе биде приоритет на локалната самоуправа.

- Целта на овие стратешки плански документи е да се дефинира долгорочен развој на енергетскиот сектор во Општината за да се обезбеди сигурно, ефикасно и квалитетно снабдување на потрошувачите со енергија и да се зголеми учеството на обновливите извори на енергија, информира струмичкиот градоначалник, стои на веб страницата на Општина Струмица.

Според Јавниот повик, право на учество на имаат сите заинтересирани стручни лица кои се подготвени и имаат искуство во областа на енергетската ефикасност во изготвување на вакви стратешки документи.

Целта на оваа стратегија е до 2030 година е да се намали енергетската интензивност за минимум 25 отсто и да се зголеми учеството на обновливите извори на енергија до износ повисок од 30 отсто од вкупната потрошувачка на финална енергија.

Стратегијата ги опфаќа економските, организационите, институционалните, и образовните димензии на развојот на енергетскиот сектор во делот на користењето на енергијата.

Врз основа на стратегијата се изготвува програма за енергетска ефикасност со акционен план се со цел да се овозможи развој на енергетиката како основа за севкупен одржлив развој.рт/цр

Фото: Општина Струмица

Остани поврзан