• вторник, 24 декември 2024

Општина Новаци со нова стратегија за локален економски развој

Општина Новаци со нова стратегија за локален економски развој

Новаци, 11 јули 2023 (МИА) - Советот на Општина Новаци утврди нова Стратегијата за локален економски развој на општината која ќе се реализира во периодот 2023-2028 година.

Од Општина Новаци информираа дека за изработка на стратегијата извршено е истражување и определени се стратешки цели за наредниот 5 годишен период.

За реализација на проектираната Стратегија за локален економски развој, општината ќе треба да обезбеди над 404 милиони денари.

Паралелно со стратешките активности на Општина Новаци, во локалната самоуправа се одвива постапка за формирање на меѓуопштинско, регионално јавно претпријатие за управување со отпад. мт/дма/

Фото: МИА 

Остани поврзан