• понеделник, 30 декември 2024

Општина Неготино субвенционира купување клима уреди, исцрпени предвидените средства

Општина Неготино субвенционира купување клима уреди, исцрпени предвидените средства

Неготино, 3 октомври 2024 (МИА) - Исцрпени се  предвидените средства за субвенционирање купување клима уреди во Општина Неготино, потврди за МИА неготинскиот градоначалник Горан Стојанов. Биле предвидени 400 илјади денари, а една субвенција изнесува седум илјади денари. Целта е, како што нагласи, позитивно да се влијае врз амбиенталниот воздух.

- Исцрпени се средствата за субвенционирање на граѓаните за купен клима уред. Општина Неготино ги информира сите граѓани дека расположливите средства предвидени со Програмата за енергетска ефикасност за 2024 година, за чија реализација беше објавен јавен повик за субвенционирање за поставување инвертер клима во домаќинствата во општината, се исцрпени заклучно со денешниот ден, појасни градоначалникот. 

Тој нагласи дека иако крајниот рок за аплицирање беше до 26 овој месец или до исцрпување на финансиските средства предвидени за оваа намена, поради големиот интерес од страна на граѓаните и поднесените апликации, средствата се исцрпиле во рекордно краток временски период. свд/са/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан