• недела, 24 ноември 2024

Општина Куманово одвои милион денари за дезинсекција и дератизација

Општина Куманово одвои милион денари за дезинсекција и дератизација
Куманово, 12 април 2022 (МИА) - Општина Куманово избра оператор за запрашување против инсекти, дезинсекција, дератизација против крлежи, лебарки и комарци, информираа денеска надлежните.
Општината од буџетот ќе одвои милион денари без вклучен данок на додадена вредност за вршење на оваа дејност.
На јавниот оглас се пријавиле тројца заинтересирани оператори, а избрана е „Плант Медика“ од Куманово. Заинтересираните оператори требаше да достават соодветна документација, како и потврда за регистрирана дејност како доказ дека е регистрирана како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на набавка или доказ дека припаѓаат на соодветно професионално здружение, согласно со прописите на земјата каде што е регистриран и да му е издадена дозвола за вршење на дејноста дезинфекција, дезинсекција и дератизација заради спречување и сузбивање на заразните болести во објекти кои не се здравствени установи, училишни и предучилишни установи, установи за сместување на деца и младина и социјални установи, како општа мерка за заштита на населението од заразни болести издадена од Министерството за здравство.
И претходните години Општината одвојуваше средства за овие третмани, кои се спроведуваат во неколку наврати годишно во текот на пролетните и есенските месеци.
  Лани и претходните години со посебен тендер беше избрана и компанија за авионска дезинсекција. ам/мд/

Остани поврзан