Општина Кисела Вода повикува да се почитуваат припадностите и определбите на луѓето
- На одбележувањето на денешниот Меѓународен ден на човековите права, од Општина Кисела Вода повикуваат за еднаквост во почитувањето на правата на луѓето, без разлика на сексуалната ориентација

Скопје, 10 декември 2020 (МИА) - На одбележувањето на денешниот Меѓународен ден на човековите права, од Општина Кисела Вода повикуваат за еднаквост во почитувањето на правата на луѓето, без разлика на сексуалната ориентација, верската, етничката, родовата, политичката и друга припадност.
- Со секојдневно почитување на Универзалната декларација за човекови права донесена од Генералното собрание на Обединетите нации на 10 декември во 1948 година, успешно ќе продолжиме да создаваме држава без предрасуди. Нека е честит Меѓународниот ден на човековите права!, информираат од прес-службата на Општина Кисела Вода.фф/дма/