• сабота, 23 ноември 2024

Општина Илинден: Остануваме отворени за домашни и странски компании

Општина Илинден: Остануваме отворени за домашни и странски компании

Скопје, 3 јули 2024

Општина Илинден останува во фокусот на инвеститорите. Во локалните економски зоки секојдневно се отвораат нови стопански објекти, а постоечките ги прошируваат своите капацитети. Проширување на капацитетот направија две компании, Елмед, со доградба на индустрискиот објект за производство, сервисирање и складирање на индустриска опрема, како и компанијата JCS Bard Logistik со изградба на производствен погон со магацини на површина од околу 8000м2.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска присуствуваше на поставувањето камен темелник во двете компании, кој им посака успешно понатамошно работење. Меѓу другото тој додаде дека Општина Илинден има одлични услови за поволна бизнис клима, како за домашни така и за странски инвеститори. Интензивниот развој на економската инфраструктура, во делот на изградба на транспортна, комунална и енергетска инфраструктура во локалните економски зони во изминатиот период придонесе многу стопански субјекти да го почнат својот бизнис во општина Илинден, но и многу постоечки компании во општината да ги прошират своите капацитети.

И понатаму Општина Илинден останува отворена за сите домашни и странски компании, со цел отворање на нови работни места и поквалитетен живот на граѓаните.

Општина Илинден

Фото: Општина Илинден

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан