Општина Делчево се вклучува во поддршка за кампањата „Општина на дланка“
- Општина Делчево се вклучува во поддршка за кампањата „Општина на дланка“. Како што соопштија од Општината станува збор за иницијатива која има за цел да ја зголеми транспарентноста и отчетноста во локалната самоуправа, преку подобрена употреба на општинските веб-страници.
Делчево, 6 декември 2024 (МИА) - Општина Делчево се вклучува во поддршка за кампањата „Општина на дланка“. Како што соопштија од Општината станува збор за иницијатива која има за цел да ја зголеми транспарентноста и отчетноста во локалната самоуправа, преку подобрена употреба на општинските веб-страници.
-Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина на дланка“, иницијатива која има за цел да ја зголеми транспарентноста и отчетноста во локалната самоуправа преку подобрена употреба на општинските веб-страници. Кампањата е подготвена од Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите во соработка со Министерството за локална самоуправа, информираа од Општината.
Целта на соработката на Општина Делчево во реализацијата на овој проект како што додадоа има повеќе аспекти.
-Тие аспекти се подобрување на управувањето со општинските јавни финансии, поефикасно планирање и извршување на буџетот, зголемување на фискалната транспарентност и отчетност, унапредување на прибирањето приходи од сопствени извори, поголем пристап до надворешни извори на финансирањез создавање услови за вклучување на приватниот сектор. Целта на кампањата „Општина на дланка“ е да ги информира граѓаните и бизнисите за нивните права и обврски, како и да им обезбеди полесен пристап до општинските услуги, додадоа од Општина Делчево.
Во рамките на кампањата, предвидено е редовно ажурирање на нашите комуникациски канали со нови информации во надлежност на општината кои ќе ги поттикнат граѓаните да учествуваат во процесите на одлучување и да бидат активно информирани за функционирањето на општината. Од општината ги поканија сите граѓани и заинтересирани страни да се приклучат на оваа иницијатива и да ја поддржат кампањата, која ќе ја зголеми транспарентноста и отчетноста во локалната самоуправа. вс/дма/
Фото: Општина Делчево