• петок, 05 декември 2025

Општина Врапчиште ги затвори вратите на два објекта, администрацијата не дава услуги

Општина Врапчиште ги затвори вратите на два објекта, администрацијата не дава услуги

Гостивар, 10 ноември 2025 (МИА) - Вратите на објектите на локалната самоуправа во Врапчиште и Неготино полошко од утрово се затворени. Според јавувањата на граѓани кои дошле по потреба за документи или друга услуга, потврдија дека влезните врати се заклучени и нема вработени во објектот во Врапчиште.

МИА побара одговор од доскорешниот градоначалник Хисен Шабани, кој во кусиот телефонски разговор објасни дека тој повеќе не раководи со општината Врапчиште.

- Мене мандатот ми заврши вчера, а од денес веќе не раководам со општина Врапчиште, што се случува и како ќе биде понатаму, одговор да побарате од Владата, рече Шабани.

Според првичните сознанија, неработењето на локалната самоуправа се поврзува со најавите дека по неуспешните избори за градоначалник, ќе биде назначен владин повереник.

Претходно, досегашниот градоначалник Хисен изјавуваше дека не се согласува со намерата на Владата да биде сменето раководството на Општина Врапчиште по првиот круг во кој немаше доволна излезност. згм/дма/


Фото МИА



Остани поврзан