• вторник, 24 декември 2024

Општина Велес со јавен повик за субвенции за купување велосипед, термален сончев колектор и инвертер клима за годинава

Општина Велес со јавен повик за субвенции за купување велосипед, термален сончев колектор и инвертер клима за годинава

Велес, 3 мај 2023 (МИА) - Општина Велес денеска на својата веб страна објави јавен повик за субвенционирање на дел од трошоците за физичките лица кои ќе купат велосипед, термален сончев колектор и инвертер клима за годинава заклучно со 2 јуни.

Од Општина Велес информираат дека на граѓаните ќе му бидат надоместени дел од трошоците направени при набавка на велосипед во висина од 50 проценти од вредноста на велосипедот, но не повеќе од три илјади  денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Оттаму посочуваат дека на барателот ќе му бидат надоместени дел од трошоците направени при набавка на сончев термален колектор во висина од 50 проценти од вредноста на сончевиот колектор, но не повеќе од 20 илјади  денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Од општинскиот буџет на барателот ќе му се надоместат дел од трошоците направени при набавка на инвертер клима во висина од 30 проценти од вредноста на инвертер клима, но не повеќе од 15 илјади  денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

-Изборот по јавниот повик ќе се реализира по принципот „со извлекување по случаен избор – транспарентно“, потенцираат од Општина Велес. ад/фф/

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан