• вторник, 24 декември 2024

Општина Велес објави јавен повик за субвенционирање на граѓаните за купен инвертер клима уред

Општина Велес објави јавен повик за субвенционирање на граѓаните за купен инвертер клима уред

Велес,11 јули 2024 (МИА) - Општина Велес денеска на својата веб-страница објави јавен повик за субвенционирање на дел од трошоците за купена инвертер клима уред од денот на објавувањето на Јавниот повик 11 јули 2024 година заклучно со 8 август 2024 година. 

Од Општина Велес информираат дека на барателот ќе му се надоместат дел од трошоците направени при набавка на инвертер клима уред во висина од 30 проценти од вредноста на инвертер клима уредот, но не повеќе од 15.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Тие појаснуваат дека изборот по Јавниот повик ќе се реализира по принципот „со извлекување по случаен избор – транспарентно“.

Право на учество на овој Јавен повик имаат физички лица-носители на домаќинства, кои ќе купат и монтираат високоефикасен инвертер клима уред за затоплување на своето домаќинство (станбен објект), сметано од денот на објавата на Јавниот повик па се до 8 август 2024 година, и ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за купен инвертер клима уред, а ги исполнуваат условите од овој Јавен повик. ад/сст/

фото Општина Велес

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан