Општина Василево ги поканува граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетот за идната година
- Општина Василево ги поканува граѓаните да се вклучат во креирањето на програмите и буџетот за 2023 година преку формулар на општинската страница со која на најбрз, едноставен и лесен начин мо
Струмица, 4 октомври 2022 (МИА) - Општина Василево ги поканува граѓаните да се вклучат во креирањето на програмите и буџетот за 2023 година преку формулар на општинската страница со која на најбрз, едноставен и лесен начин можат да ги достават своите предлози и идеи.
-Почитувани сограѓани, заедно да го креираме буџетот на Општина Василево за 2023 година. Вашето учество во буџетскиот процес е најважниот дел во креирањето на политиките и развојот на општината. Затоа, Општина Василево упатува отворена покана до сите свои граѓани до 10 ноември 2022 година со сопствени предлози и идеи да се вклучат во креирањето на Буџетот и на идниот развој на општината, стои во објавата на локалната самоуправа.
Предлозите и идеите граѓаните може да ги достават лично во просториите на Општина Василево, во писмена форма преку архивата на општината или преку специјално за таа намена креираниот формулар на општинската интернет страница. рт/дма/