• сабота, 23 ноември 2024

Општина Бутел почна со чистење и уредување на реката Серава

Општина Бутел почна со чистење и уредување на реката Серава
Скопје, 3 ноември 2021 (МИА) - Општина Бутел почна со проектот за чистење и уредување на реката Серава. Проектот ќе се одвива во неколку фази бидејќи течението на реката е долж целата општина. - Станува збор за чистење на речното корито и уредување на кејот на реката Серава. Проектот ќе се одвива во неколку фази бидејќи течението на реката е долж целата општина. Затоа, чистењето на речното корито ќе трае до пролет, кога се планира да отпочне уредувањето на кејот, односно изградбата на пешачката и трим патеката со поставување на урбана опрема и хортикултурно уредување, истакна градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски. Од општинската прес-служба инфорираат дека за страртот на овој носечки проект од програмата на градоначалникот Дарко Костовски помогнаа повеќе општествено одговорни фирми, а за наредната година ќе бидат предвидени средства во буџетот за 2022 кој веќе се изработува.фф/са/

Остани поврзан