• недела, 29 декември 2024

Општина Брвеница со солидарна помош од 200 илјади денари за подрачјата погодени од земјотрес во Турција и Сирија

Општина Брвеница со солидарна помош од 200 илјади денари за подрачјата погодени од земјотрес во Турција и Сирија

Тетово, 10 февруари 2023 (МИА) - Советот на Општина Брвеница денеска имаше вонредна седница на која советниците изгласаа две одлуки и овозоможија од општинскиот буџет да се издвојат средства како солидарна помош за подрачјата погодени од земјотрес во Турција и Сирија. Оваа рурална општина ќе издвои 200 илјади денари (над 3200 евра).

-Износ од 200.000,00 денари ќе биде префрлен од општина Брвеница како солидарна помош за последиците од земјотресите што ги погодија Турција и Сирија. Средствата ќе се спроведат преку Црвениот крст, односно преку посебен Фонд за солидарност. Им благодарам на советниците што покажаа емпатија и хуманост и веднаш излегоа во пресрет на мојот предлог. Брвеница се приклучува на солидарноста и помош на настраданото население погодено од земјотресот во Република Турција и Сириска Арапска Република. Изразувам сочувство до семејствата на жртвите. Никогаш да не се повтори, изјави градоначалникот Јовица Илиевски.

Општина Брвеница брои 13.645 жители кои живеат во десет населени места. ас/сст/

Остани поврзан