• четврток, 05 септември 2024

Општина Битола ќе примени шведски искуства за одржливо управување со локалниот отпад

Општина Битола ќе примени шведски искуства за одржливо управување со локалниот отпад

Битола, 4 септември 2024 (МИА) - Општина Битола ќе примени искуства од Шведска за одржливо управување со локалниот отпад и истите директно ќе бидат преземени од градоците Стокхолм и Јевле каде деновиве престојува градоначалникот Тони Коњановски, претставници на општинската администрација и ЈП „Комуналец“.

Во рамки на посетата остварени се средби до менаџментот на фабриката Екогас, која што е во доминантна сопственост на општината, соопштија од битолскиот сектор за односи со јавност.

-Во Екогас се третира органскиот отпад собран од општинските претпријатија и притоа се обработуваат околу 27 000 тони отпад годишно. Фабриката произведува 28 GWh гас за возила, со што остварува над 5 милиони евра промет годишно. Домаќините не информираа за повеќенаменски придобивки, пред се еколошки, помали инвестициски трошоци, полесна оптимизација на рутите и други предности, посочуваат од тамошната локална самоуправа.

Општина Битола е една од шесте општини од Југозападниот и Пелагонискиот регион, кои ќе работат на одржливо управување со отпадот, проект финансиран од СИДА (Шведската агенција за меѓународна развојна соработка), а имплементиран од Шведската асоцијација на локални власти и региони (САЛАР) и нејзината подружница САЛАР Интернационал.мт/са/

Фото: Општина Битола

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан