• вторник, 24 декември 2024

Општина Аеродром го усвои ребалансот на буџетот за 2022 година

Општина Аеродром го усвои ребалансот на буџетот за 2022 година

Скопје, 30 август 2022 (МИА)Советот на Општина Аеродром на вчерашната 15. седница го усвои ребалансот на буџетот за 2022 година, кој е креиран во насока на кратење на непродуктивните трошоци и нивна пренамена за инвестиции во развојни и капитални проекти.

Со овој чекор, како што информира Општина Аеродром, се отвори патот за реализација на голем број мерки и проекти што се од големо значење за жителите на оваа општина. 

Од Општина Аеродром посочуваат дека граѓаните во наредниот период можат да очекуваат доградба на основните училишта „Блаже Конески“ и „Гоце Делчев“, нов парк од 6.000 квадратни метри, нов плоштад и уредување на целиот простор зад „Капитол мол“, изработка на проекти и изградба на две нови градинки, нови детски и спортски игралишта и економски пакет мерки за граѓаните на кои им е најпотребно, обезбедени преку скратените средства за репрезентација, патувања и други непродуктивни трошоци.

- Промените се случуваат. Аеродромци секојдневно сведочат на еден нов, економичен и рационален начин на управување со Општина Аеродром и финансиите на општината. Приоритет на администрацијата е да се изнајде начин, дури и во време на економска и енергетска криза, да се реализираат сите проекти предвидени во програмата, се вели во соопштението од Општина Аеродром. мд/дма/

Остани поврзан