• сабота, 23 ноември 2024

Општествено одговорни компании донираа алати и средства за работа во неготински „Комуналец"

Општествено одговорни компании донираа алати и средства за работа во неготински „Комуналец
Неготино, 11 ноември 2022 (МИА) - Општествено одговорни компании донираа алати и средства за работа во неготински „Комуналец", информираа од јавното комунално претпријатие.
- Им благодариме на хуманите и општествено одговорни компании и поединци кои ги препознаа вредностите и напорите кои ги вложува „Комуналец" како јавно претпријатие во служба на градот и граѓаните на општина Неготино, коишто одвоија свои лични средства и донираа алати и средства за работа за опремување на екипите на претпријатието. Со овие алати и средства за работа, сигурни сме дека ќе се зголеми и мултиплицира ефикасноста при решавањето на проблемите и предизвиците во работењето, соопштија од претпријатието.
Оттаму изразија голема благодарност до КОРОНА Душко дооел, Агро сервис 2000, Дуки Дасо, Винарија Бовин, Блаже Трифунов, Ри-Ал Елан, Алеко Комерц и Винарија Вардарска Долина. свд/дма/

Остани поврзан