Неексплодирана рачна бомба пронајдена на улица во Демир Капија
- Неексплодирана рачна бомба била пронајдено вчера на улица во Демир Капија, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Скопје, 14 мај 2024 (МИА) - Неексплодирана рачна бомба била пронајдено вчера на улица во Демир Капија, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Според соопштеното од Регионалниот ЦУК - Велес, во 13.05 часот на 112, добиена била информација за пронајдено експлозивно неексплодирано убојно средство на улицата „Партизанска“ број 1 во Демир Капија.
- Од ЦУК веднаш се информирани ПС - Неготино и ДЗС - Неготино, ДЗС - Гевгелија. Во 16.15 часот, опасното неексплодирано убојно средство е безбедно подигнато, отстрането, од страна на пиротехничар, појаснуваат од ЦУК. бд/са/
Фото: МИА архива