ООЦК Велес ги додели признанијата за 100, 75 и 50 пати дарувана крв
- Во просториите на Општинската организација на Црвен крст во Велес денеска беше одбележан 17 Mарт - Денот на крводарителството. По тој повод, беа врачени признанијата за хуманите крводарители


Инаку, поради пандемијата со Ковид- 19 оваа година не се одржа традицонална манифестација со посебни обраќања и културно уметничка програма.
На планот на крводарителството во 2020 година зацртаниот план за крводарување од 1861 крвна единица ООЦК Велес го натфрли за 182,95 проценти со собрани 3390 крвни единици, и е на второто место во земјава, а со што заостанува за минимални 0,8 проценти зад ООЦК Виница која е прва на планот за крводарување во 2020 година.
ООЦК Велес беше прворангирана на планот на крводарувањето во 2018 и 2019 година и претходно уште многу години наназад.
По повод Денот на крводарувањето, ООЦК Велес утре од 9 до 15 часот организира акција за крводарување во Ликовниот салон во Велес, на која може да учествуваат сите заинтересирани граѓани.ад/бт/