• вторник, 24 декември 2024

ООН: Сексуалното насилство се користи како оружје во војната во етиопскиот регион Тигре

ООН: Сексуалното насилство се користи како оружје во војната во етиопскиот регион Тигре
Њујорк, 16 април 2021 (МИА) - Сексуалното насилство се користи како оружје во војната во етиопскиот регион Тигре, изјави пред Советот за безбедност заменик-генералниот секретар на ООН за хуманитарни прашања Марк Лоукок.  Тој рече дека хуманитарната криза во Тигре се влошила изминатиот месец. - Пристапот до хуманитарна помош се соочува со тешкотии и луѓето гладуваат, рече Лоукок, додавајќи дека светската организација не видела докази дека војниците од соседна Еритреја, обвинети за масакри и убиства во Тигре, се повлекле. „Сакам да бидам јасен: конфликтот не е завршен и ситуацијата не се подобрува“, рече Лоукок на затворената седница по барање на САД. Амбасадорот на САД во ООН, Линда Томас-Гринфилд рече дека ова е петти таков состанок на Советот за безбедност по избувнувањето на борбите меѓу етиопската федерална влада и поранешната владејачка партија во Тигре во ноември. Во конфликтот загинаа илјадници луѓе, а стотици илјади од петте милиони жители на планинскиот регион беа принудени да ги напуштат своите домови. Еритреја ги поддржува силите на владата на Етиопија, иако повеќепати негираше дека нејзини војници се стационирани во Тигре. Етиопскиот премиер Абиј Ахмед го призна присуството на еритрејските трупи во регионот, а Обединетите нации и САД вршат притисок за нивно повлекување од Тигре. Лоукок предупреди дека „гладта ​​како воено оружје претставува нарушување“. паг/  

Остани поврзан