• среда, 17 декември 2025

ОН: Јуни годинава е месец со најмногу цивилни жртви од почетокот на војната во Украина

ОН: Јуни годинава е месец со најмногу цивилни жртви од почетокот на војната во Украина

Киев, 10 јули 2025 (МИА) – Јуни годинава беше месец со најголем број цивилни жртви во Украина од почетокот на војната – загинаа 232 цивили, а 1.343 беа повредени, соопшти Мисијата на Обединетите нации за следење на човековите права во Украина.

Во соопштението се наведува дека руските напади со ракети со долг дострел и касетна муниција во урбаните средини се причина за повеќето цивилни жртви во јуни во Украина, односно – 53 отсто, пренесе Укринформ.

Се истакнува дека руските сили во јуни годинава истрелале 10 пати повеќе ракети и касетна муниција кон Украина отколку во јуни минатата година. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан