• вторник, 18 март 2025

Високиот комесар на ОН за човекови права Турк е згрозен од обновеното израелско гранатирање на Појасот Газа

Високиот комесар на ОН за човекови права Турк е згрозен од обновеното израелско гранатирање на Појасот Газа

Њујорк, 18 март 2025 (МИА) - Високиот комесар на Обединетите нации за човекови права, Волкер Турк изјави дека е згрозен од обновеното израелско гранатирање на Појасот Газа, во кое загинаа неколку стотици луѓе, и повика „овој кошмар веднаш да престане“.

„Единствениот пат е политичко решение (на конфликтот) во согласност со меѓународното право. Прибегнувањето на Израел кон уште поголема воена сила само ќе предизвика дополнително страдање на палестинското население, кое веќе е во катастрофална ситуација“, нагласи Турк. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан