• четврток, 26 декември 2024

Олимпискиот ден одбележан во Скопје

Олимпискиот ден одбележан во Скопје

Скопје, 22 мај 2023 (МИА) – Македонскиот олимписки комитет (МОК) во партнерство со амбасадите на Грција и Франција, како и општината Аеродром и Ист Гејт Мол, денеска го одбележа Олимпискиот ден, настан кој ја слави моќта на спотот да ги зближи луѓето во мир.

Настанот се одржа на платото пред Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, под мотото „Ајде да се движиме“, порака која алудира дека Олимпискиот ден е многу повеќе од трчање или само спортски настан.

МОК, заедно со своите партнери, го искористи денешниот настан за многу спортски, културни и едукативни активности наменети за секого, без разлика на возраста, полот, социјалното потекло или спортските способности. ег/сст/

ФОТО: МОК/Фејсбук

Остани поврзан