Оладипо успешно опериран
- Кошаркарот на Мајами Хит, Виктор Оладипо е успешно опериран на левото колено, објавија американските медиуми.

Мајами, 29 април 2023 (МИА) – Кошаркарот на Мајами Хит, Виктор Оладипо е успешно опериран на левото колено, објавија американските медиуми.
За Оладипо сезоната 2022/23 е завршена.
На 30-годишен Американец му е обновен пателарниот лигамент во зглобот. Точното време на закрепнување ќе се знае по повторниот преглед.
Оладипо се повреди на натпреварот 3 од првото коло на НБА плеј-офот против Милвоки. Хит ја добија серијата и се пласираа во вториот круг. зс/
Фото: ЕПА