• среда, 25 декември 2024

Околу 300 војници задолжени за почитување на рестриктивните мерки во Сиднеј

Околу 300 војници задолжени за почитување на рестриктивните мерки во Сиднеј
Канбера, 2 август 2021 (МИА) - На улиците на австралискиот град Сиднеј од денеска се распоредени војници, кои се задолженби за спроведување на рестриктивните мерки воведени поради Ковид-19. Околу 300 војници пристигнаа во Сиднеј на барање на државната полиција на Нов Јужен Велс. Тие ќе доставуваат и храна од врата до врата и ќе проверуваат дали се почитува карантинот, што е во сила до крајот на август. Властите во Сиднеј се обидуваат да го запрат ширењето на делта сојот, откако од средината на јуни се регистирани над 3.600 новозаболени лица. И во градот Бризбејн во австралиската сојузна држава Квисленд остануваат во сила карантинот. На граѓаните во Сиднеј и во Бризбејн дозволено им е да излегуваат од домот само поради купување на основните продукти или извршување на важни работи, вежбање или посета на лекар. Во Австралија со Ковид-19 вкупно се инфицирале над 34.000 луѓе, од кои 925 починале од последица од инфекцијата. ми/

Остани поврзан