• среда, 27 ноември 2024

Од Јапонија до Шведска: Најчудни методи за воспитување деца во светот

Од Јапонија до Шведска: Најчудни методи за воспитување деца во светот
27 ноември 2022 Дејли њуз Иако не постои рецепт за воспитување на децата, истражувањата покажуваат дека тоа многу зависи од самите родители односно од вредностите што им ги всадуваат на рана возраст. Затоа, воопшто не е чудно што многу родители користат одредени методи за детето да стане успешно и среќно возрасно лице. Постојат насоки кои родителите сакаат да ги следат, а тие зависат од различни култури, па стиловите на воспитување може значително да се разликуваат од еден до друг дел на светот. Во продолжение ви пренесуваме некои од најчудните методи за воспитување деца во светот. Во Јапонија децата од раѓање спијат во своја соба Во многу земји во светот родителите се грижат случајно да не ги разгалат своите деца, особено на Истокот. Така, во Јапонија не постои практика родителите да спијат во иста соба, а уште помалку во ист кревет со детето. Од раѓање ги ставаат во посебна просторија, а кај нив доаѓаат само кога плачат за да ги утешат. Имено, Јапонците веруваат дека е доволно на детето да му овозможат сè што му треба, но сепак да му дозволат да развие самодоверба и независност. Дополнително, во Јапонија е правило да не се бакнуваат или галат деца ако се постари од седум години, бидејќи мислат дека би можеле премногу да ги разгалат, а за родителите една од најважните работи е дисциплината. Во Кина децата се одвикнуваат од пелени веднаш по раѓањето Додека во повеќето земји во светот децата се одвикнуваат од пелени на возраст од две до три години, во Кина ситуацијата е нешто поинаква. Имено, таму родителите ги одвикнуваат децата од пелени и ги учат самостојно да вршат нужда уште на неколку месеци. Можеби звучи лудо, но кинеските деца често се „тренираат“ да вршат нужда кога ќе слушнат одредено свиреж, а тоа обично се случува од шестиот и најдоцна до деветтиот месец. Во Финска играта е поважна од училиштето Децата во Финска почнуваат на училиште кога ќе наполнат седум години, бидејќи се верува дека пред тоа се премногу мали за образование. Финците веруваат дека играта е поважна за развојот на децата отколку образованието и учењето. Дури и додека се на училиште, добар дел од фокусот е на играњето со врсниците, немаат тестови, а во поголемиот дел од програмата се засноваат на уметнички активности како сликање, пеење и танцување. Данските бебиња чекаат пред ресторан додека јадат нивните родители Во Данска, свежиот воздух се смета за неопходен за малите деца. Во оваа земја тоа оди до тој степен што бебињата се оставаат да спијат надвор во колички, додека нивните родители ручаат во ресторани или пазаруваат во трговски центри. Во Шведска децата и родителите се рамноправни Додека тоа не е случај во другите земји во светот, во Шведска се верува дека децата и родителите се еднакви односно имаат еднакви права во семејството. Тоа значи дека тие не само што се поддржани, туку се охрабруваат да имаат свое мислење, па дури и да се спротивстават на своите родители доколку имаат добри причини за тоа. На Полинезија децата се грижат за своите браќа и сестри На Полинезија, возрасните се грижат за децата додека се доенчиња, но штом почнат самостојно да одат, други деца се грижат за нив, обично нивните постари браќа и сестри. Сето тоа резултира со порано созревање и осамостојување, па ваквите деца обично се понапредни. Тие веруваат дека малите деца помлади од пет години можат сами да го смират бебето, што наводно им дава поголема самодоверба и независност, а истовремено им помагаат на своите родители.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан