• сабота, 23 ноември 2024

Од утре „замрзнати“ цени на 11 видови овошје и зеленчук, надлежните со апел трговците да бидат општествено поодговорни

Од утре „замрзнати“ цени на 11 видови овошје и зеленчук, надлежните со апел трговците да бидат општествено поодговорни

Скопје, 4 април 2023 (МИА) - Од утре ќе бидат ограничени максималните цени на 11 видови овошје и зеленчук. Како што соопштија на вчерашната прес-конференција министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски, со оваа одлука ќе бидат опфатени доматите, краставиците, кромидот, карфиолот, пиперките, гравот, леќата, бананите, портокалите, мандарините и лимонот. 

Со Одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало, што Владата ја донесе на својата вчерашна седница, граѓаните за килограм свежи домати ќе плаќаат најмногу 70 денари, за свежи краставици 75, за килограм кромид 60, за карфиол 70, за свежи зелени пиперки 90, за грав 75, за леќа 110, за банани 70, за портокали 55, за мандарини 60, а за килограм лимони до 55 денари.

- Највисоките цени на производите посочени во оваа Одлука, во трговијата на мало, ќе се применуваат и на зелените пазари и тоа од 5 април 2023 година до 30 април 2023 година, а Одлуката влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, се наведува во соопштението од владината седница.

Во образложението на ваквата Одлука, нејзиниот предлагач, Министерството за економија, посочува дека според членот 29 став 1 алинеја 3 од Законот за трговија, Владата може привремено да го ограничи вршењето на трговијата, во случај нарушување на домашниот пазар, заради злоупотреба во прометот на одделни производи и стоки.

По неколку месечна пауза, од утре текстилните и останатите производи, повторно ќе се најдат на тезгите на пазарот во Берово. Досега на пазарот се продаваше исклучиво овошје и зеленчук, а согл

- Согласно наведеното, врз основа на членот 30 став 1 алинеја 2 од Законот за трговија, Владата може да ги определи највисоките цени за одделни производи и услуги во производството и прометот, се додава во образложението.

Министерот Бектеши на вчерашната прес-конференција изрази уверување дека трговците целосно ќе ја почитуваат одлуката за цените на овошјето и зеленчукот. 

- Јас мислам и убеден сум дека нашите трговци ќе ги почитуваат целосно мерките и имаме искуство од последните две-три недели дека над 90 отсто се почитуваат, посебно во големите супермаркети, заради тоа што се зборува за мерка што важи 25 дена, изјави Бектеши.

Тој истакна дека при инспекциските контроли е утврдено оти маржите за некои производи изнесувале и до 250 отсто, нагласувајќи дека владините одлуки со кои цените на повеќето прехранбени производи се ограничени може да продолжат и по април, односно мај, ако за тоа се процени дека има потреба, за да им се излезе пресрет на граѓаните и товарот од кризата да не падне само на нивен грб.

- Една од главните задачи на стопанските комори е да ги бранат интересите на своите членки, а институциите треба да ги одбранат и потрошувачите и компаниите. Затоа носиме вакви, краткорочни мерки. Ова се административни одлуки, а јас сум повеќе од убеден дека се исправни, и за бизнис секторот и особено за потрошувачите, рече Бектеши.

Тој им порача на претставници на бизнис секторот дека ако мислат оти маржата од 150, 200 или 250 отсто е во ред во време на криза и да не се одрекуваат од тоа што го планирале како годишен профит, тоа Владата и Министерството за економија нема да им го дозволат. 

Според Бектеши, за над 95 отсто од производите кои беа опфатени со Одлуката за маржите, се донесени мерки за намалување на цените и тие целосно се почитуваат. 

- Вака ќе продолжиме. Ги повикувам сите трговци и производители да се покажат поопштествено одговорни, рече министерот и најави дека овој месец ќе има најголемо намалување на цените генерално, посебно на храната и енергенсите. 

Бектеши информира и дека за три месеци биле потрошени околу 1,5 милиони евра за субвенционираната струја што ја добиваа компаниите од прехранбениот сектор.

Директорот на ДПИ, Трајковски соопшти дека од донесувањето на првата одлука за ограничување на маржата од пет до десет отсто, досега се извршени над 1.800 надзори и издадени се над 20 прекршочни платни налози во вредност од 2,5 милиони денари.

- И натаму ќе работиме со полн капацитет и сите инспектори ќе бидат на терен. Никој не е над законот, тоа ќе биде така додека сум јас директор на Инспекторатот. Секој што прекршил одлука или закон ќе биде санкциониран, а казните се високи, од 800 до 10.000 евра, зависно од големината на субјектите, нагласи Трајковски, додавајќи дека Државниот пазарен инспекторат постапува неселективно по сите владини одлуки.

На прашање како ќе бидат контролирани зелените пазари, „имајќи предвид дека најголем дел овошје и зеленчук се продаваат таму“, Трајковски појасни дека Државниот пазарен инспекторат по донесување и на најновата одлука за замрзнување на цените на овошјето и зеленчукот, ќе настапи координирано со другите институции, како што се УЈП и МВР, и заеднички во координирани акции ќе ги вршат овие надзори и на пазарите. бд/сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан