• петок, 05 декември 2025

Од утре до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд

Од утре до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд

Скопје, 25 ноември 2025 (МИА) - Под влијание на циклонска активност од утре до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд.

Од УХМР најавуваат дека пообилни врнежи се очекуваат во текот на утрешниот ден и во четврток (над 25 l/m2 за 24 часа).

Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, во четврток на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а дневните температури ќе опаднат за 4-6 степени во споредба со утрешните.

Стабилизирање на времето се очекува од недела. сст/ац/

Фото МИА архива

Остани поврзан