• петок, 30 август 2024

Од израелски оган погодено возило на ОН во Газа, панцирите ги спасиле луѓето во него

Од израелски оган погодено возило на ОН во Газа, панцирите ги спасиле луѓето во него

Њујорк, 28 август 2024 (МИА) - Израелски оган погоди возило на ОН во Газа, дел од хуманитарен конвој координиран со израелските власти, соопшти светската организација. Инцидентот, во кој нема повредени или загинати, се случил вчера, изјави портпаролот на ОН и потсети на претходните слични настани.

„Синоќа, јасно идентификувано хуманитарно возило на ОН, дел од конвој кој беше целосно координиран со (израелските вооружени сили) беше погодено 10 пати од израелски оган“, изјави портпаролот на генералниот секретар на ОН Стефан Дижарик.

Според него, панцирите ги спасиле двете лица во возилото. паг/

Фото: МИА архива


 

Остани поврзан