Од ЕУ за Србија донација од седум противпожарни возила вредни 1,4 милиони евра
- Донацијата е во рамките на проектот „ЕУ за Србија отпорна на катастрофи“, вреден 14,2 милиони евра.
Белград, 21 номеври 2024 (МИА) - Европската унија и донираше на Србија седум противпожарни возила во вредност од 1,4 милиони евра за гаснење големи шумски пожари и пожари на отворено, пренесе Бета.
Донацијата е во рамките на проектот „ЕУ за Србија отпорна на катастрофи“, вреден 14,2 милиони евра.
Целта на проектот, финансиран од ЕУ и имплементиран од УНДП, е да придонесе за намалување на ранливоста на Србија од кризи и катастрофи, преку поддршка на институциите и организациите на национално и локално ниво за зајакнување на превентивните мерки и зголемување на подготвеноста за одговор. Министерството за евроинтеграции учествуваше во програмирањето и следењето на реализацијата на тој проект.
Противпожарните возила се за Секторот за вонредни состојби на Министерството за внатрешни работи на Србија во Панчево, Крагуевац, Ваљево, Ужице, Јагодина и Белград. зш/