• среда, 25 декември 2024

Од еколошка такса лани собрани над 4 милиони евра, најавената категоризација на возилата сè уште чека правилник

Од еколошка такса лани собрани над 4 милиони евра, најавената категоризација на возилата сè уште чека правилник

Скопје, 3 септември 2023 (МИА) – При регистрација на возила согласно Законот за животна средина задолжителна е наплата на еколошка такса. По овој основ во 2022 година се собрани нешто повеќе од 4 милиони евра, а годинава, заклучно со 14 август околу 3,27 милиони евра. 

Собраните средства потоа се рефинансираат во животната средина преку Програмата за инвестиции којашто вклучува изградба на канализациски системи и системи за одведување и прочистување на отпадни води, како и активности за подигнување на јавната свест и истражувачки и развојни студии за заштита и унапредување на животната средина и природа.

Проектите и активностите од програмата се избираат преку конкурс, на кој можат да конкурираат, општини или здруженија на општините, општините во Градот Скопје и Град Скопје, правни и физички лица, непрофитни и невладини организации и научни и образовни институции. 

Еколошката такса за автомобили чини од 150 до 700 денари зависно од староста и зафатнината на моторот, без разлика дали возилото е дизел, бензин или на гас

Со измените на Законот за животна средина од април 2022 година при регистрација на возилата, граѓаните плаќаат еколошка такса.

Висината на надоместокот што го  плаќаат домашните правни и физички лица што ја загадуваат животната средина со користење на моторни возила за период од една година е регулирано во член 46 од измените на Законот за животна средина (Сл.Весник  на РСМ 89 од 11.04.2022 година.)

При одредувањето на висината на еколошката такса не се прави разлика какво погонско гориво користи возилото, а единствени критериуми се староста и зафатнината на моторот, без разлика дали возилото користи бензин, дизел, биодизел или гас. Така, возилата произведени иста година и со иста зафатнина на моторот ќе плаќаат иста еколошка такса без разлика дали се дизел или бензин. Од плаќање на надоместокот се ослободени возила кои користат електричен погон.

Премиерот Зоран Заев денеска потврди дека ќе има еколошка такса за нафтата од 3,5 денари и намалување на ДДВ-то за електрична енергија од 18 на 5 проценти. Одлуките, како што изјави, допрва с


За патнички моторни возила од категорија М1, согласно законот, во зависност од зафатнината на моторот предвидени се четири групи – до 750 кубни сантиметри, од 751 до 1 400, од 1 401 до 2 000 и над 2001 кубни сантиметри.

За олдтајмери, не се прави разлика на зафатнината на моторот и еколошката такса изнесува 300 денари.

Надоместокот за минибуси чини од 400 до 1 500 денари, за автобуси од 550 до 1 500 денари, за товарни возила од 1 050 до 2 000 денари, додека за мотоцикли, трицикли и четирицикли од 100 до 1 000 денари. И тука, разликата е само во староста и зафатнината на моторот без разлика на погонското гориво што се користи. 

Програмата за инвестиции во животна средина за 2023 година е со вредност од  3,77 милиони евра

Од Министерството за животна средина и просторно планирање, на прашање од МИА колку пари се собрани досега по овој основ, посочуваат дека пресекот на собрани средства се прави на годишно ниво. 

- За периодот од 01.01. до 31.12. 2022 година по овој основ собрани се вкупно средства во висина од 249 171 335 денари, а за периодот од 01.01 2023- 14.08. 2023 година вкупно 201 296 559 денари, посочуваат од МЖСПП за МИА. 

Собраните средства се рефинансираат во животната средина преку Програмата за инвестиции во животна средина што се објавува на почетокот на секоја година.

Град Скопје најавува дека од следниот викенд воведува ред за локациите и површината на која ќе може да работат мобилните продавачи, по реакциите на посетители дека се узурпираат патеките во с

Програмата за 2023 година е со вредност од 232 000 000, 00 денари или 3,77 милиони евра и во неа, како што посочуваат од МЖСПП, се дефинирани различни ставки за што се наменети средствата и тоа: Изработка на техничка документација и изградба на канализациски системи и системи за одведување и прочистување на отпадни води; Реализирање на проекти и активности за подигање на јавната свест, едукација и обука во областа на животна средина; Поттикнување на образовни, истражувачки и развојни студии, програми и проекти за заштита и унапредување на животната средина и природа; и поддршка на мерки и активности за заштита и унапредување на природата 
 и други.

За тоа како и каде се трошат финансиските средства што се плаќаат при регистрација на возилата по овој основ, од МЖСПП за МИА велат дека проектите и активностите се бираат на конкурс. 

- За реализација на Програмата  е  објавен Конкурс за распределба на средствата за финансирање и реализирање на програми, проекти и други активности од областа животна средина за 2023г. на која можат да конкурираат, општини,или здруженија на општините, општините во Градот Скопје и Град Скопје, правни и физички лица, непрофитни и невладини организации и научни и образовни институции, се вели во одговорот од МЖСПП.

Еколошката категоризација на возилата сè уште чека правилник

Освен еколошка такса при регистрација, Министерството за животна средина уште во 2018 година најави категоризација на возилата во зависност од тоа колку загадуваат со која требаше да се ограничува движењето на возилата во градските зони во денови со зголемено ниво на аерозагадување. И додека, Законот за возила донесен во 2019, предвидува од јануари 2021 година секое возило при регистрација да добие една од трите еколошки налепници во зелена, жолта или црна боја, во зависност од еколошката категорија и загадувањето што го прават, целата работа, како што пишувавме и на почетокот на годинава, е сè уште заглавена и чека Министерството за економија да донесе Правилник за категоризација пред да може да почне да се применува.

На прашањето од МИА, до каде е Правилникот за категоризација на возилата, од Министерството за економија велат дека се чека мислење од Секретаријатот за законодавство, каде во април годинава по трет пат го доставиле на мислење. 

 - Министерството за економија, Правилникот за определување на еколошката категорија на возилата, формата, содржината и начинот на поставување на еколошката налепница, како и висината на трошоците за утврдување на еколошката категорија на возилото  и за изготвување на еколошка налепница, по претходно добиено мислење од Секретаријатот за законодавство, согласно забелешките го измени и по трет пат (на 26 април 2023 година)  го достави на мислење до Секретаријатот за законодавство. Останува, доколку Секретаријатот за законодавство нема забелешките на Правилникот, да се направи правно-техничко и редакциско подобрување на текстот на правилникот по насоки од Секретаријатот за законодавство, посочуваат за МИА од Министерството за економија.  

Прво јавно претстаување на методологијата за пресметка на Индексот на бирократија во Северна Македонија, ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Македонија 2025, во рамки на проектот

На прашање од МИА дали со Правилникот се предвидува собирање на средства по основ на еколошка такса, од Министерството за економија, посочуваат дека идејата на носењето на Правилникот е да се врши контролата, односно ограничувањата на движење на возилата со високи емисии во периодите на високо загадување на воздухот, а не наплата на нова еколошка такса за возилата.

Согласно Правилникот за определување на еколошката категорија на возилата, формата, содржината и начинот на поставување на еколошката налепница, како и висината на трошоците за утврдување на еколошката категорија на возилото и за изготвување на еколошка налепница, не е предвидено да се собираат средства по основ на еколошка такса за возилата. Во овој момент, при увоз на возилата се плаќа данок врз основа на еколошките карактеристики (емисиите на гасови) на возилото, а при регистрација на возилата се плаќа само такса за заштита на животната средина со која располага Министерството за животна средина и просторно планирање, се вели во одговорот од Министерството за економија. 

Александар Атанасов

Фото: МИА архива

Остани поврзан