• вторник, 17 декември 2024

Од верските календари

Од верските календари
16 јануари 2020 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 3 јануари. Денеска е Св. пророк Малахиј и св. маченик Гордиј. Свети пророк Малахиј е еден од 12-те мали пророци. Неговата книга е последна од книгите на Стариот завет. Пророкувал по враќањето на Евреите од вавилонското ропство, при крајот на петтиот век пред Христа. Денес се слави и споменот на свети маченик Гордиј. При крајот на гонењата на христијаните, во 314 година, некои христијани од Кападокиска Кесарија се скриле во пустината. Ме|у нив бил и Гордиј. До нив постојано доаѓале гласови за маките на христијаните во Кесарија, па еден ден Гордиј излегол од пустината и се вратил во градот, каде јавно исповедал дека е христијанин. Заради тоа бил погубен. Неговото мачеништво се случило во 314 година. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Марцел. Тој е еден од оние кои ги преживеале последните години од Диоклецијановите прогонства на христијаните. Умрел маченички во 309 година, кога Константин Велики со Миланскиот Едикт, им дал слобода на христијаните. Во тоа време христијанството се ширело многу брзо и покрај прогонствата. Царот побарал од него да се откаже од папската служба и верувањето во Христос. Марцел одбил и поради тоа бил изложен на присилна работа, понижување и други неприлики. Смртта го ослободила од тие маки, а Исус Христос, за кој трпел, го исполнил ветувањето кое гласело: „Блазе си им, на прогонетите поради праведноста бидејќи нивното кралство е небеско". ###

Остани поврзан