• сабота, 05 октомври 2024

Од верските календари

Од верските календари

Од верските календари 

19 јули 2024 (МИА)

 

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 6 јули.

Денеска е Преподобен Сисое Велики.

Преподобен Сисое беше Мисирец (Египќанец), сонародник и ученик на основоположникот на пустиножителното монаштво Антониј Велики. По смртта на свети Антониј, Сисое се насели на гората на која се подвизуваше неговиот учител-која по него го доби името Антониева-и таму помина во секаков подвиг цели 60 години. Толку ја исчисти својата внатрешност, што стана незглоблив како дете, па ја достигна полнотата на човечката природа и од Бога прими големи дарови за помош и наѕидување на другите. Преживеа долго време и се претстави пред Христа Бога во 429 година.

 

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Благословен Ремигиј Исор.

Бил роден во 1852 година, во Бамбекуе. Се одлучил да живее свештенички живот во Дружината на Исус. Неговите поглавари го испратиле да работи како мисионер во Кина. Таму отворил училишта за воспитување на младите луѓе. Во 1900 година, Ремигиј Исор бил убиен од страна на безбожниците.

###

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан