• понеделник, 16 декември 2024

Одржана првата форумска сесија од Буџетскиот форум во Делчево

Одржана првата форумска сесија од Буџетскиот форум во Делчево

Делчево, 29 ноември 2024 (МИА) - Во Делчево се одржа првата форумска сесија од Буџетскиот форум. Како што истакна Тони Стоименовски од Општина Делчево, годинава се предвидени две форумски сесии, со тоа што на втората форумска сесија закажана за идниот петок присутните ќе можат да предлагаат прироритети за наредната 2025 година.

-Општина Делчево и оваа година реализира Буџетски форум преку две форумски сесии на кои ќе бидат споделени идеи и иницијативи за нивните потреби во локалната заедница од страна на граѓаните и институции кои постојат и работат во граѓанскиот сектор. Денеска имавме можност да слушнеме дел од реализираните проекти од минатогодишните форумски сесии, коишто беа предложени, да видиме колкав буџет од претходните три квартали е реализиран, но и да продискутираме за некои прашања кои присутните сакаат да ги постават до општинската работна маса за кои верувам дека ќе им помогнат за нивното понатамошно делување, рече Стоименовски.

Целта на алатката „Форуми во заедницата“, како што додаде, е да го поддржи процесот на децентрализација и да овозможи учество на граѓаните во развојот на заедницата на локално ниво. 

-Оваа можност претставува платформа за развој што им овозможува на граѓаните, прво, да го подобрат својот живот со сопствени идеи и учество во процесот на донесување одлуки на локално ниво и, второ, администрацијата да развие отчетно локално управување преку учество, одговорност и доверба. Присуството на жителите, здруженијата на граѓани, бизнис зедницата и претставниците на институциите, како и нивното активно учество на сесиите е од особено значење за успешно спроведување на буџетскиот форум и ќе даде голем придонес за креирање на буџетот на општина Далчево, додаде Стоименовски.

Форумот како алатка, додаде претставникот на Општина Делчево, 13 години е дел од статутот на Општина Делчево  и обврска на Општината за донесување транспарентен буџет за секоја следна година. вс/хс/

Фото: МИА

Остани поврзан