• среда, 15 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Одредено задржувањево Косово до 48 часа за Игор Поповиќ, помошник директор на српската Канцеларија за КиМ

Одредено задржувањево Косово до 48 часа за Игор Поповиќ, помошник директор на српската Канцеларија за КиМ

Белград, 19 јули 2025 (МИА) - Заменик-командант на полицијата во Северниот регион во Косово, Ветон Елшани потврди дека Игор Поповиќ е приведен на 48 часа, јавија српските медиуми.
Заменик-директорот на српската Канцеларија за Косово и Метохија, Игор Поповиќ, задолжен за правни прашања, беше приведен синоќа на преминот Брњак.
Во Ораховац, Поповиќ присуствуваше на одбележувањето на годишнината од страдањето на Срби во регионот Ораховац.
Директорот на српската Канцеларија за КиМ, Петар Петковиќ, го информираше Брисел за приведувањето на својот колега и побара негово итно ослободување, како и заштита на мисиите што работат на подрачјето на Косово. зш/

Остани поврзан