• среда, 25 декември 2024

Одобрен проект за подобрување на условите за учење во деветолетката „Никола Петров Русински” во беровско Русиново

Одобрен проект за подобрување на условите за учење во деветолетката „Никола Петров Русински” во беровско Русиново
Берово, 26 јули 2021 (МИА) - Одобрен е проектот за санација на ѕидови и плафон во деветолетката „Никола Петров Русински” во беровското село Русиново. За реализација на проектот, а со цел подобрување на условите за учење на учениците, како што информираа од Општината, претходно беше поднесена апликација до Министерството за образование и наука. - На наше огромно задоволство оваа апликација е прифатена. Проектот ќе се финансира во рамките на повикот за финансирање на проекти за реновирање на училишни објекти, на општински основни и средни училишта под надлежност на општините со средства од буџетот на Министерството за образование и наука, информираа од општината. Додаваат дека во рамки на проектот предвидени се повеќе градежни активности во училиштето. - Проектот опфаќа, санација на пукнатини, молирање на ѕидовите, флексибилна облога на таваните, со спуштен плафон, отстранување на мрсна фарба со брусење и глетовање на ѕидовите, набавка и монтажа на лифт и изградба на пристапна патека, појаснуваат од Општината. Реализацијата на проектот, како што додаде градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, е потврдува за константната грижа за Берово и населените места во општината. - Постојано ги подобруваме условите за живот на граѓаните, а образовните објекти мора да се реконструираат и постојано да се унапредува образовниот процес, рече Пекевски. Тој потенцира дека една од главните цели кои ги ветил пред граѓаните е токму санација на дотраените училишни објекти поради што на вакви и слични проекти општината ќе продолжи да работи и во наредниот период. в.с/цр

Остани поврзан