• сабота, 23 ноември 2024

Одложена Ликовно-графичката колонија „Пешна“ поради недостаток на финансиски средства

Одложена Ликовно-графичката колонија „Пешна“ поради недостаток на финансиски средства
Кичево, 3 август 2021 (МИА) -  Ликовно-графичката колонија „Пешна“, што своите почетоци ги бележи пред 23 години, и годинава како и во претходните две години нема да се одржи, поради недостаток на финансиски средства за нејзина организација. Идејниот творец, наставникот по ликовно воспитување, Славко Тренкоски-Лок, напомна дека и годинава поради немање на доволно финансиски средства, нема да се организира оваа колонија. - По две децении континуирана работа Ликовно-графичка колонија „Пешна“ што се одржуваше на истоимениот локалитет во Бродско, поради недостаток на финансиски средства и годинава нема да се одржи. Се работи за сума пари која ние не сме во можност да ја обезбедиме. На оваа колонија во изминатите две децении продефилираа стотина познати и признаени ликовни уметници и графичари, кои создадоа над 400 дела, опус на кој можеме да бидеме горди, истакна Тренкоски, кој има огромни заслуги за нејзиното формирање и опстојување. Така за многу кусо време престанаа со работа две респектабилни колонии ликовната колонија во Кичево и ликовно графичката колонија во Македонски Брод, поради недостатокот на финансиски средства за нивно одржување. за/ки/

Остани поврзан