• среда, 27 ноември 2024

Одделението за уво, нос и грло од кумановската болница стана нов Ковид 3 центар

Одделението за уво, нос и грло од кумановската болница стана нов Ковид 3 центар
Куманово, 24 ноември 2020 (МИА) - Одделението за уво, нос и грло е нов Ковид 3 центар во кумановската болница, соопштија денеска надлежните од здравствената установа. Кумановската болница го пренамени одделот и доби дополнителни дваесет кревети кои ќе бидат наменети за ковид пациентите. Паралелно, адаптирано е и одделението за патологија кое ќе стане дневна болница за позитивните на коронавирус. - Очното одделение е чист дел, може да се додаде уште некој кревет, се надевам дека нема да има потреба. Вчера имаше три хоспитализации, 17 кревети се слободни. Го преадаптиравме одделението, со сопствени сили, сè што имавме како ресурси, човечки потенцијал, од инвентар, изјави директорката на општата болница, Снежана Захариева. Во кумановската болница ковид пациентите се лекуваат на инфективното одделение, но и на невролошкото одделение кое на почетокот од месецов беше адаптирано како Ковид 2 центар. Вкупно, на располагање кумановската болница сега со адаптација на двете одделенија има 70 слободни кревети, достапни за ковид пациенти. - Се надеваме дека и монтажната Ковид болница, модуларната болница која е по програмата и планот на Министерството за здравство да биде поставена на место на поранешното физикално одделение, ќе бидат уште подобри услови и ќе има дополнителни 40-тина кревети-изјави Захариева. Болницата го адаптираше и одделението за патологија, кое сега станува дневна болница. - Првичната идеја во шаторите да се дели терапија беше итна одлука, бидејќи во еден момент имавме огромен наплив на пациенти и буквално немаше простор каде да се прими терапија за дневна болница. За кратко време успеавме да го расчистиме просторот на одделот за патологија, кој служеше како медицински простор, се е исчистено, дезинфицирано, внесени кревети, инвентар, на наш персонал сместивме таму 14 кревети. Условите се одлични, на пациентите им е топло, цврста градба е дневно циркулираат околу 60 пациенти-изјави Захариева. Што се однесува до лекарите вели дека во дневната болница се ангажирани инфектолозите и лекари кои секундарно работата на инфектино. Тие ја препишуваат терапијата, пациентите се под нивен надзор, на Ковид 2 работат- општи лекари од ургентниот центар, под супервизија на интернистите кои 12 часа се таму. Во Ковид 3 ќе работат специјализанти од различни бранши под супервизија на лекарите од неврологија. - Моравме сите да ги вклучиме, како на ниво на државата, така и ние. Секогаш ќе бидат достапни колегите инфектолози за консултација со терапија, за третманот. Тие дневно прегледуваат по 100 пациенти-вели Захариева. Што се однесува до волонтирањето во болницата веќе има седум пријавени кои од утре ќе помагаат исклучиво како помошен технички персонал, да помагаат при внес на боци, бидејќи болницата нема централен довод на кислород, па така овие волонтери ќе помагаат во овој дел. Специјализантите се ангажирани и од Крива Паланка, објаснува Захариева, но нагласува дека им се потреби лица кои ќе бидат достапни постојано, не само една смена, оние што не можат да се задржат, вели ќе мора да останат во матичната установа. Што се однесува до лекари од приватни ординации засега, информира Захариева, никој не се пријавил. Како волонтери се пријавиле медицински сестри од кои рече, Захариева, две од нив кои имале пракса и познавања во приватни здравствени ординации и веднаш се вклопиле во пружањето помош на пациентите,под надзор на сестрите од кумановската болница. ам/аа/

Остани поврзан