• вторник, 26 ноември 2024

Од верските календари

Од верските календари
5 јуни 2022 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 23 мај. Денеска е Преподобен Михаил Синадски. Во црквата името преподобни обично го носат монаси што станале преподобни на Христа во неговата љубов и смирението. Овој денешен светител е еден од тие монаси. Патријархот Тарасиј ќе го забележи животот на монахот Михаил и ќе го постави за епископ Синадски. Учествувал на Седмиот вселенски собор, а во времето на иконоборството како речиси сите правоверни епископи беше симнат од епископската катедра и прогонет. Во прогонство и се упокои во 818 година. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Бонифациј. Бил роден во Англија. Во 716 година, го проповедал Евангелието меѓу Германите. Тогаш кралот Гргур Втори му дозволил да биде мисионер меѓу Германите. Свети Бонифациј во Германија основал манастири. Својата верност кон Христос ја потврдил со маченичката смрт во 754 година.

Остани поврзан