Одбележан Меѓународниот ден на мирот: Мирот е клуч за слободата
- Мирот е тој којшто не зближува и којшто е клуч за слободата. Да се сакаме, да се љубиме е единственото нешто што може да го направиме во мир, порача денеска професорката Билјана Стефановска о
![Одбележан Меѓународниот ден на мирот: Мирот е клуч за слободата](https://mia.mk/index.php/images/20221113224432_big_730x400_83.webp )
Скопје, 21 септември 2022 (МИА) - Мирот е тој којшто не зближува и којшто е клуч за слободата. Да се сакаме, да се љубиме е единственото нешто што може да го направиме во мир, порача денеска професорката Билјана Стефановска од Средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“.
Таа информираше дека веќе една недела во Средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“ се спроведуваат активности по повод Меѓународниот ден на мирот.
- Се собравме од сите националности, правевме пораки на мир, се дружевме, игравме, пеевме и се сликавме. Во мир сме среќни, се сакаме, се дружиме и играме, истакна професорката.
Таа на денешниот мировен марш потенцираше дека мирот навистина е еден значаен момент во нашиот живот.
Околу свеста за соживот кај младите, Стефановска рече дека во Средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“ дефинитивно младите од многу националности живеат во заедништво и слога и оти така може да покажат дека се најсилни.
- Мислам дека веќе почнува да се чувствува тој момент дека немаме разлики, односно дека разликите не спојуваат и дека тие се клучот за нашето заедништво и така помладите генерации почнуваат тоа многу подобро да го покажуваат низ дружба, низ активности без разлика на вера и на јазик. И искрено да ви кажам што само треба. Само треба некој да им покаже и да ги насочи и навистина се многу силни. Затоа јас навистина сакам да се дружам со нив и во секоја прилика нивната дружба едноставно го прави човек да биде богат, заклучи професорката. см/сп/
![мир 1](/articles/images/%d0%be%d0%b4%d0%b1%d0%b5%d0%bb%d0%b5%d0%b6%d0%b0%d0%bd-%d0%bc%d0%b5%d1/GPsun2YUP/placeholder.webp?use_watermark=0)
![мир 3](/articles/images/%d0%be%d0%b4%d0%b1%d0%b5%d0%bb%d0%b5%d0%b6%d0%b0%d0%bd-%d0%bc%d0%b5%d1/j7NIy8cvF/placeholder.webp?use_watermark=0)
![](/articles/images/%d0%be%d0%b4%d0%b1%d0%b5%d0%bb%d0%b5%d0%b6%d0%b0%d0%bd-%d0%bc%d0%b5%d1/YCe5JbdDC/placeholder.webp?use_watermark=0)