• среда, 18 декември 2024

Објавен романот „Фауна“ на канадската писателка Кристијан Вадне

Објавен романот „Фауна“ на канадската писателка Кристијан Вадне
Скопје, 1 септември 2022 (МИА) - Издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ објави превод на романот „Фауна“,   фантастична еко-фикција на канадската писателка Кристијан Вадне, за кој ја доби наградата за креативно пишување на градот Квебек и Саемот на книга „Интернационален Квебек“ во 2019 година, а беше финалист за „Наградата за имагинарни хоризонти“ и за наградата „Аурора Бореалис“. Дејството во „Фауна“ се случува во иднината по климатските промени кога луѓето се борат со мистериозна епидемија додека другите видови се прилагодуваат и размножуваат. - Сместен некаде на студениот Север, овој елегантен и изненадувачки роман сочинет од поврзани приказни ги следи ликовите околу изолираното, чудовишно село на студените, Шиверинг Хајтс, каде што комуницираат чудни и футуристички биолошки форми на живот. Меѓу најчудните од овие форми на живот се луѓето, иако читателите ќе откријат и други. Писмото на Вадне е сурово, еротично и наликува на сон. Или, доколку ги сакате Кроненберг, Кафка и Велс, тогаш Фауна е роман за вас, бидејќи го прикажува хипнотичкиот Дарвинов кошмар до кој ќе не доведат нашата негрижа и негирање во годините што претстојат, соопшти ИЛИ-ИЛИ за новото издание. Од француски на македонски јазик книгата  ја  преведе Валентина Новачева, а дизајнот на корицата е на Марија Смилевска. Кристијан Вадне е канадска франкофонска писателка, родена 1986 година во Квебек. Пред објавувањето на романот „Фауна“,  работела во книжевната заедница како програмерка на настани и менаџерка на проекти. хс/аа/    

Остани поврзан